Европската унија ќе почне програма за проучување на мутации на коронавирусот и производство на вакцини од „втора генерација“ против идни мутации, соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Програмата „ХЕРА инкубатор“, што се очекува да почне денеска, ќе ги обедини фармацевтската индустрија, лабораториите, здравствените власти и истражувачите, изјави Фон дер Лајен за францускиот дневен весник Лес Ехос.
– Вирусот се развива и ќе продолжи да мутира. Важно е да се подготвиме за мутациите, рече таа.
Од земјите-членки ќе биде побарано да придонесат со дополнително финансирање, со цел ЕУ може да ги адаптира и промени договорите потпишани со фармацевтски компании и да обезбеди дози против идните мутации, јави Блумберг.