ЕУ: Многу мигрантски деца се наоѓаат во раце на шверцери и трговци со луѓе

Од:

Еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос, денеска предупреди дека многу мигрантски деца паднале во раце на криумчари и трговци со луѓе, при што многу од нив биле и сексуално злоставувани.

Од овие причини Аврамопулос ги повика државите членки на Унијата да сторат многу повеќе за запирање на трговијата со мигрантски деца без придружба од возрасни.

„Во спротивно, овие деца ќе бидат на улиците на европските градови“ предупреди тој, зборувајќи на конференцијата во Малта откако министрите за внатрешни работи на ЕУ разговараа за мигрантската криза, пренесуваат француските медиуми.

Аврамопулос, чија татковина, Грција, е тешко погодена од бранот бегалци и мигранти кои бегаат од војната во Сирија и другите места, истакна дека земјите членки на ЕУ „мораат да ја преземат одговорноста“.

„Некои политичари се добри во реториката, но не и со делата“ заклучи тој.

Податоците од ЕУ покажуваат дека во 2015 година околу 90.000 деца без придружба влегле во Европа, а европската полициска агенција Европол пред една година соопшти дека околу 10.000 мигрантски деца се исчезнати, предупредувајќи дека многу деца можеби паднале во раце на трговците, односно дека се скористени за работа, криминал или сексуално злоставување.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ