ЕУ ќе донира уште 125 милиони евра за Африка за вакцини

Од:

Европската унија вети уште 125 милиони евра за кампања за вакцинација против Ковид-19 во Африка, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Парите ќе бидат искористени за квалитетна дистрибуција на дозите на вакцини и обука на медицински тимови, изјави таа во Институтот Пастер во сенегалскиот главен град Дакар.

Донираните средства ќе бидат инвестирани и во подобро секвенционирање „за да останеме чекор понапред од вирусот“. Според Африканската унија, само 12 отсто од африканското население се вакцинирани. Светската здравствена организација има за цел да вакцинира 70 отсто од светското население до средината на оваа година. Со новите 125 милиони, вкупната помош на ЕУ за Африка за вакцинација порасна на 400 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска