ЕУ го одобри договорот со Фајзер и Бионтек за вакцина против Ковид-19

Од:

Европската Комисија го одобрила четвртиот договор за набавка на вакцини против Ковид-19, овој пат со фармацевтските компании Бионтек и Фајзер за начелни 200 милиони дози.

Ова денеска го потврди портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.

Покрај начелните 200 милиони дози вакцини, побарани се дополнителни сто милиони откако ќе биде утврдено дека вакцината е ефикасна и безбедна, соопштија од Европската комисија.

Комисијата се обидува да “изгради разновидно портфолио“ на вакцини преку договори со главни фармацевтски компании за да може да ги распредели што е можно побрзо штом вакцините бидат одобрени и проверени. До сега се склучени договори со АстраЗенека, Санофи ГСК и Јансен, а во тек се преговори со КјурВак и Модерна.

-Штом бидат авторизирани тие брзо ќе бидат распределени и ќе не приближат до трајно решение за пандемијата, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска.т

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски