ЕУ ги отстрани Австралија, Канада и Аргентина од листата на олеснети патувања

Од:

ЕУ ги отстрани Австралија, Канада и Аргентина од препорачаната листа на земји од кои патниците, дури и невакцинирани, можат лесно да влезат на територијата на Унијата.

Одлуката, договорена од амбасадорите на 27-те земји на ЕУ, е донесена поради растечкиот број на заразени со коронавирус во тие три земји поради варијантата Омикрон.

Тие сега се во иста група како и повеќето земји во светот, за кои ЕУ препорачува ограничувања.

Сепак, списокот е само препорака и многу земји на ЕУ имаат свои правила за патниците кои пристигнуваат од земји кои не се членки на ЕУ, кои редовно се ажурираат на веб-страницата reopen.europa.eu

„Несуштинските патувања во ЕУ од земји или ентитети кои не се вклучени во списокот… подлежат на привремени ограничувања за патување“, се вели во соопштението на Европскиот совет што ги претставува земјите-членки на ЕУ.

Се забележува дека одлуката „не влијае на можноста земјите-членки да го укинат привременото ограничување за несуштинските патувања во ЕУ за целосно вакцинирани патници“.

На списокот моментално се 13 држави за кои ЕУ вели дека земјите-членки треба “постепено да ги укинат“ ограничувањата за патување, вклучувајќи ги Чиле, Нов Зеланд, Руанда и Саудиска Арабија. Технички, Кина е исто така на списокот, но под услов реципрочно да ги укине патните ограничувања за жителите на ЕУ, нешто што Пекинг, кој води политика на „нулта Ковид“, не го прави.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Канада возврати на царините на Трамп

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки