Претседателите на Европски совет и на Европска комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајан учествуваа во видео-конференција со лидерите на седумте најразвиени светски економии.
Разговорот е организиран од САД, кои претседаваат со Г-7.
Во соопштението од ЕС се наведува дека во текот на разговорот лидерите на Канада, Франција, Германија, Италија, Велика Британија, Јапонија и САД, Мишел и Лајан ја потенцирале улогата на Г-7 за реализирање на глобалните напори за изградба на светот по кризата со Ковид-19 во соработката со меѓународните институции и врз принципите на мултилатерализмот.
Претсатвниците на ЕУ истакнаа дека Унијата ќе продолжи да дејствува солидарно со најзагрозените земји и заедници, посебно во Африка и апелираа Г-7 да се придружи во таквите напори.
Тие исто така ја потенцираа важноста на трговијата за надминување на кризата и за обезбедување на силно на економско заздравување во светот.
ЕУ најави и дека на 4 мај ќе биде домаќин на меѓународна донаторска конференција, што ќе се одржува преку интернет. На конференцијата е предвидено да се обезбедат финансиски средства за развој и употреба на вакцина против Ковид-19.