Суд во Естонија прогласи поранешен воен офицер и неговиот татко за виновни за предавство, бидејќи шпионирале за Русија.
Суд во Талин денеска пресуди дека 38-годишниот Денис Метсавас, поранешен мајор во естонската војска, и неговиот татко Пјотр Волин, и давале тајни податоци на руската воена разузнавачка служба ГРУ.
Судот утврдил дека Метсавас пренесувал информации 10 години и го осуди на 15 години затвор.
Волин работел со ГРУ околу пет години и добил шестгодишна затворска казна.