Естонија денеска го повика генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да го истражи вчерашното случајното лансирање на ракета воздух-воздух.
Естонската Влада соопшти дека премиерот Јири Ратас телефонски разговарал со Столтенберг за инцидентот.
– Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека тоа е сериозен инцидент и разбирливо е што сме загрижени поради тоа што се случи во Естонија. Колку што знам, никој не е повреден во инцидентот, посочи Ратас.
Тој додаде дека од Столтенберг побарал вчерашниот инцидент многу сериозно да се сфати и брзо да се утврдат околностите.
Шпански воен авион, стациониран во Литванија, по грешка, за време на обука, истрелал ракета над југозападна Естонија. Притоа не предизвикана никаква штета.