Естонија избра прозападна влада

Од:

Прозападниот естонски премиер Таави Ривас заврши со формирањето на владина коалиција по парламентарните избори во земјата одржани на 1 март годинава.

Центристичката Естонска партија на реформите на Ривас и Социјалдемократската партија го обновија своето партнерство. Во коалицијата е вклучен и конзервативниот Сојуз „Про партија“ и „Рес публика“, така што, новата владејачка коалиција ќе контролира 59 од вкупно 101 место во парламентот.

Аналитичарите учекуваат коалицијата да ги продолжи, дури и да ги зајакне ангажманите на Естонија во НАТО и ЕУ, каде земјата е членка од 2004 година. Талин пристапи на еврозоната во 2011 година.

Таави Ривас (35) е најмладиот премиер во ЕУ. Најстариот од неговите 14 министри има 55 години, а осум од нив се под 40 годишна возраст.

Претседателот на Социјалдемократската партија Свен Миксер, чија партија има 15 пратеници, ќе остане министер за одбрана. Кејт Пентус-Розуманус од Естонската партија на реформите ќе биде министер за внатрешни работи.

Новата влада на Ривас останува да добие официјална потврда од претседателот Томас Хендрик Илвес.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он