Естонија го презема претседавањето со Советот на Европа

Од:

Во Софија денеска ќе биде одржана седница на Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, на која Бугарија официјачно ќе и го предаде на Естонија претседавањето со оваа паневропска организација.

Советот на Европа соопшти дека главни теми на состанокот ќе бидат демократската безбедност на сите во Европа во денешните тешки времиња, обезбедување на долгорочна ефикасност на системот, почитувањето на Европската конвенција за човекови права, политиката на орагнизацијата кон соседните региони и нејзината соработка со ЕУ.

На крајот на седнцата бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов ќе го предаде претседавањето со Советот на Европа за следните шест месеци на шефицата на дипломатијата на Естонија Марина Каљуранд, која ќе ги претстави приоритетите на нејзината земја за време на претседавањето.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска