Естонија е против казнување на трите членки заради одбивањето да примат мигранти

Од:

Естонија, земјата која на 1 јули за првпат го презема претседавањето со Европската Унија, се противи на финансиското казнување на источните членки на ЕУ заради одбивањето да примат бегелци, бидејќи таа одлука повеќе ја дели Европа отколку што ја обединува, смета министерот за внатрешни работи Андрес Анвелт.

Европската комсија вчера одлучи да почне прекршочна постапка против Унгарија, Полска и Чешка заради неисполнување на обврските за прифат на бегалци.

-Никакво казнување од буџетот или некакви финансиски казни не се добри затоа што ние Европа ја сфаќаме како семејство на многу различни земји, рече Анвелт за брутанските медиуми.

Тој кажа дека Европа треба да гледа во иднината и дека евентуалното излегување на уште некоја членка ќе ја ослабне ЕУ.

Естонија, која има 1,3 милиона жители, членка на ЕУ стана во 2004 година.

Во фокусот на нејзиното прво претседателствување со ЕУ ќе биде прашањето на миграцијата, а според Анвелт, Естонија ќе се фокусира и на натамошното зајакнување на надворешните граници на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он