Ердоган за украинската криза: Западот буквално само пречи

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини Западот дека ги „влошува работите“ меѓу Москва и Киев.

-За жал, Западњаците досега не пружија никаква помош за решавање на конфликтот. Тие само ги влошија работите, изјави турскиот претседател за Си-Ен-Ен Турк, при враќање од Киев.

Ердоган оцени дека американскиот претседател Џозеф Бајден „досега не можеше да покаже позитивен пристап во овој процес“.

Според Ердоган, само поранешната германска канцеларка Ангела Меркел „навистина би можела да има решение“.

-Покрај неа, засега нема други лидери. Нема потреба да се именуваат други, додаде Ердоган.

На средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, турскиот претседател ја повтори својата понуда да посредува во украинската криза и да биде домаќин на билатералните разговори меѓу Москва и Киев во Турција.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина