Ердоган: Анкара посредува за приближување на ставовите меѓу САД и Иран

Од:

Турција активно работи на приближување на ставовите меѓу САД и Иран со цел да се создадат услови за поголема регионална и глобална стабилност, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на Самитот на НАТО во Анкара.

Ердоган нагласи дека Анкара, заедно со своите сојузници, вложува дипломатски напори за надминување на разликите меѓу Вашингтон и Техеран и за отворање простор за дијалог. Според него, постигнувањето заедничка основа меѓу двете земји би придонело за зајакнување на мирот и безбедноста на меѓународен план.

Турскиот претседател се осврна и на состојбата на Блискиот Исток, истакнувајќи дека продолжуваат иницијативите насочени кон смирување на тензиите и воспоставување мир во Појасот Газа.

„Сите партнери работат во насока на постигнување стабилност и мир. Се надеваме дека овие напори ќе дадат позитивни резултати“, порача Ердоган.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, кој учествува на самитот во Анкара, упати критики кон НАТО поради реакциите на Алијансата поврзани со конфликтот со Иран.

Трамп оцени дека САД не добиле доволна поддршка од сојузниците по нивните активности во Иран.

„Не бевме третирани како што треба. Уште пред да побараме поддршка, некои членки јасно ставија до знаење дека нема да бидат вклучени“, изјави Трамп.

На маргините на самитот, американскиот и турскиот претседател одржаа билатерална средба на која разговараа за актуелните безбедносни предизвици, состојбата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Судија му нареди на Трамп да ги врати CNN и Politico во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк