Откако компанијата Ербас мораше да го запре тестирањето на новиот модел А320нео поради проблем со моторите, вредноста на нивните акции се намали за 1,1 отсто.
Веднаш по објавувањето на веста дека имаат одредени проблеми со моторите на новите авиони, акциите забележаа пат.
Моторите се произведени од компанијата Прат и Витни, а Ербас информираше дека разговараат со авио-компаниите кои ги нарачале новите модели за да се утврди кога тие може да бидат испорачани.