Американските авиокомпании ги заменуваат старите Боинг со нови Ербас авиони

Од:

Еден од најголемите авиопревозници во САД, „Јунајтед ерлјанс“ синоќа соопшти дека планира да купи 50 нови Ербас-А321 авиони заради замена за остарениот авионски парк на моделите Боинг 757-200.

Компанијата прецизира дека испораките на европските авиони ќе започне во 2024 година. Во моментов „Јунајтед“ употребува 74 авиони Боинг 747.

Медиумите во САД оценуват дека најавената крупна испорака на европски патнички авиони од американскиот авиопревозник е уште еден удар за производителот на авиони „Боинг“, кој се уште е во криза после скандалот со приземјувањето на авионите 737 Макс откако се случија две катастрофи, лани во октомври и во март годинава, со пад на овие авиони при што вкупна загинаа 346 луѓе.

Дека купува 50 нови европски авиони Ербас 321 летово објави и „Американ ерлајнс“, уште една голема американска авиокимпанија.

МИА

Би можело да ве интересира

Њујорк тајмс: Коронавирусот во Њујорк бил донесен од Европа

А1он

Американска помош од заштитни средства за албанските бели мантили

А1он

Федералните резерви на САД обезбедија 2,3 трилиони долари за поддршка на економијата

А1он

Уште 6,6 милиони Американци бараат надомест за невработеност

А1он

Почина Линда Трип која ја откри аферата на Клинтон и Левински

Ана Ололовска

Пет ракети погодија американска база во Авганистан

Ана Ололовска