Технолошкиот гигант „Епл“, синоќа соопшти дека ги затвора своите продавници низ цел свет на две недели, со исклучок на Кина, кои беа затворени повеќе недели, за минимизација на ризиците од пренос на коронавирусот.
-Ги затвораме сите наши продавници надвор од Кина. Ова значи дека тимовите треба да работат од далечина, ако тоа им го дозволат работните обврски, Тим Кук, раководител на „Епл“, напиша на Твитер.
Компанијата вчера ги отвори сите 42 продавници на територијата на Кина, кои беа затворени од почетокот на февруари поради ширењето на вирусот.
„Епл“ донираше 15 милиони долари за борба со коронавирусот, се вели ви соопштението на Кук.