ЕП ќе расправа за вмешаност на членки на ЕУ во тортурата на ЦИА

Од:

Европскиот парламент поладнево ќе расправа за примената на тортура од страна на агенти на ЦИА и за вмешаноста на државите-членки на ЕУ во овие активности на американската тајна служба, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Оваа дебата е иницирана по откритијата во извештајот на американскиот Сенат и на неа ќе учествуваат еврокомесарот Димитрис Аврамопулос и италијанскиот државен секретар за европски прашња, Бенедето дела Ведова.

Европскиот парламент во 2006 година спроведе своја сопствена истрага за сомнежите за користењето на териториите на европските земји за илегално затворање и транспорт на затвореници од страна на ЦИа, за што беше создадена времена комисија.

Во резолуцијата усвоена на 14 февруари 2014 година, Европскиот парламент изрази жалење за пасивноста на некои држави кон илегалните операции на ЦИА. Програмата за „трансфер“ содржеше во најголемиот број од случаите „тајно затворање и акти на тортура“, стои во текстот.

Тоа беше повтрдено од жртвите, но и од нивните адвикати, кои сведочеа пред парламентарната комисија.

Европскиот парламент подготвува резолуција за ова прашање, која ќе се најде на гласање на пленарната сесија во февруари 2015 година.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиките на Трамп

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ