ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиките на Трамп

Од:

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) понуди доброволни пакети за отпремнина на сите вработени со цел да ја преобликува својата работна сила во согласност со политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, објави The Wall Street Journal.

Портпаролот на ЦИА изјави дека мерките се дел од стратегијата на новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф, пренесе Ројтерс.

„Директорот Ретклиф дејствува брзо за да се осигура дека работната сила на ЦИА е усогласена со приоритетите на администрацијата за национална безбедност. Овие мерки се дел од сеопфатната стратегија за заживување на агенцијата“, се вели во соопштението на ЦИА.

Би можело да ве интересира

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски