ЕП бара силен надзор врз владеењето на правото во Малта

Од:

Европски парламент синоќа усвои резолуција со која се осудува загрозувањето на правната држава во Малта и притисоците врз слободата на медиумите, откако на површина испливаа нови информации за инволираноста на соработник близок до премиерот на Малта Џозеф Мускат во убиството на новинарката, Дафне Каруана Галиција.

„За“ резолуцијата гласаа 581 европратеник, 26 се изјаснија „против“, а 83 беа „воздржани“. Европратениците се загрижени поради веродостојноста на истагата за убиството на новинарката Каруане Галиција, се додека Мускат е на функција постои ризик од загрозување на истрагата.

Резолуцијата на ЕП упатува на обвиненија за корупција и перење на пари против премиерот на Малта, како и против неговиот шеф на кабинет и поранешниот министер за туризам, другите членови на Владата, како и приватни фирми и поединци поврзани со него.

Настаните на Малта последните години доведоа до сериозни и трајни закани за владеењето на правото, демократијата и основните права, се истакнува во соопштението на ЕП, при тоа изразувајќи загриженост поради слободата на медиумите, независноста на полицијата и правосудниот систем, слободата за мирни собири и поделбата на власта.

Со ова Парламентот врши притисок и врз другите институции на ЕУ, Комисијата и Советот, и даваат сигнал дека се подготвени за прв чекор кон „процедурата член седум“, нуклеарната опција која може да доведе до суспензија на правото на глас на една земја членка, под која се наоѓаат Унгарија и Полска.

Холандската европратеничка, Софи инт’Велд изјави дека очекува оваа резолуција да биде притисок „не само врз малтешката Влада туку и врз Комисијата и Советот да почнат да работат“.

Европратениците во резолуцијата го поздравија востанувањето на годишната награда „Европска награда за истражувачко новинарство – Дафне Каруана Галиција“. По убиената новинарка претходно е наречена сала во ЕП во Стразбур, во која се одржуваат прес-конференции.

Мускат на почетокот од месецот по притисок на јавноста и протестите најави дека ќе поднесе оставка од функцијата на 12 јануари, откако владејачката Лабуристичка партија идниот месец избере нов лидер.

Каруана Галиција истражуваше случај на корупција, во кој беа вмешани и соработници на премиерот. Таа на својот блог ги обвинуваше политичарите на Малта за корупција. Новинарката беше убиена во октомври 2017 година кога под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив.

ЕП исто така бара да се укине Програмата на Малта за доделување на државјанства и право на претстој на инвеститорите, бидејќи тоа подразбира продажба на граѓанството на Европска Унија и е опасен ризик за борбата против перењето пари и прекуграничниот криминал.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе