Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

Од:

Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев денеска преку соопштение и се заблагодари на, како што вели пријателска Малта за честа да биде почесен конзул, но наведува дека со оглед на одлуката на Стејт департментот, со која не се согласува, но ја цени и прифаќа, смета дека не е во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име.

-Се заблагодарувам на пријателска Малта за честа да бидам почесен конзул на членка на ЕУ во Северна Македонија од 2021 година. Со оглед на одлуката на почитуваниот Стејт Департмент кон мене, со наводи со кои јас не се согласувам, но ги ценам и прифаќам како одлука, сметам дека не сум во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана. Се додека овие наводи не се преиначат, јас не сакам и не можам да се застапувам во име на која било држава или институција, нагласува Анѓушев во соопштението до медиумите.

Тој додава дека одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на него и со тоа прашање треба да се носи лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции.

-Во текот на вчерашниот ден лично го информирав министерот за надворешни работи на Малта за новонастанатата состојба, како и за мојата определба да ги искористам сите пропишани можности во правец на издржано и осовано преиначување на оваа одлука на администрацијата на пријателските САД. Министерот ме информира дека Малта одблиску ќе го следи развојот на настаните и дека во тој контекст ќе го земат предвид секој позитивен исход. На министерот Борг му изразив благодарност за можноста и честа во еден период да служам во интересите на држава членка на ЕУ и на интересите на нашите две земји, наведе Анѓушев.

Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото поместување на „црната листа“ на САД, објави „Тајмс оф Малта“.

Портпаролот на малтешкото МНР во изјава за „Тајмс од Малта“ истакнал дека Министерството никогаш не добило никакви негативни информации за Анѓушев од неговото назначување во 2021 година.

-Со оглед на ваквите случувања, Министерството го прекинува неговото назначување, што веднаш стапува во сила и внимателно ги следи најновите случувања, изјавил тој

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Дипломатски синдикат: Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање

Орце Костов

Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со струја на Анѓушев

Орце Костов

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Агелер: Има докази против Анѓушев, тој веќе се жалеше, но тоа нема ништо да смени

Катерина Ѓуровски

Ковачевски за ставањето на Анѓушев на „црната листа“ на САД: Тоа се сериозни наводи, останува нашите институции да постапат