„Емирејтс“ исто така ги стопира летовите над Синајскиот Полуостров

Од:

Една од најголемите компании во светот, „Емирејтс“ од Дубаи донесе одлука да ги прекине летовите над Синајскиот Полуостров, поради вчерашната несреќа на руски авион, во која загинаа 224 лица, јави ТАСС.

– „Емирејтс“ ќе избегнува летови над Синајскиот Полуостров, се додека не добие дополнителни информации. Го следиме развојот на состојбата, изјави претставник на компанијата.

Претходно „Луфтханза“ и „Ер Франс“ соопштија дека ги стопираат летовите над египетскиот полуостров.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Египет бара формирање независна држава Палестина

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он