Екстремен студ во Сибир: Температурата во Краснојарск падна на -50°C

Од:

Температурите на воздухот во рускиот град Краснојарск се спуштаат до минус 50 Целзиусови степени, а локалните власти ги затворија училиштата поради екстремниот студ во овој сибирски регион.

Дневните температури на воздухот во Краснојарск се просечно околу минус 35 степени Целзиусови, а ноќе се спуштаат до минус 50.

Училиштата се привремено затворени, а маглата ја намалува видливоста и го отежнува сообраќајот. Поради големиот студ и маглата исчезна големиот сообраќаен метеж.

Краснојарск е главен град на истоимениот регион во Русија, на горниот тек на реката Јенисеј и на Транссибирската железница.

Тој е еден од најголемите културни и индустриски центри на Сибир, а познат е и по производството на локомотиви, комбајни, челични конструкции, градежни материјали, цемент, кожа, гума, синтетички влакна, целулоза, хартија, свила, електротехнички уреди и фармацевтски производи.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он