Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

Од:

Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува на законскатра обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2024 година.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он

(ВИДЕО) Полицајци помагаат на старица да помине замрзната улица во Белград

А1он