Експретседателот на Реал Мадрид почина по борбата со коронавирусот

Од:

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санц (76) денеска почина во шпанската престолнина како последица од коронавирусот.

Тој беше на чело на Реал од 1995 до 2000 година, во периодот кога клубот во 1998 година, ја освои Лигата на шампионите по пауза од цели 32 години.

Во вторникот, Санц беше примен во болница по 8 дена со интензивно покачена температура. Му беше направен тест за коронавирус, на кој беше позитивен. Неговото здравје се влоши и заврши со смртен исход.

Санц е роден во Мадрид на 9 август 1943 година. Во Кралскиот клуб дојде во 1985 година, како помошник на Рамон Мендоза, кого го наследи по цели 10 години.

Во својата прва полна година на функцијата (1996/97) направи екипа предводена од Фабио Капело со играчи од калибарот на Мијатовиќ, Шукер, Роберто Карлос, Сидорф кои се приклучија на Фернандо Јеро, Раул и Редондо.

Екипата не стигна до елиминациите во ЛШ, првпат во својата историја, иако претходно ја освои Ла Лига. Капело доби отказ и се врати во Милан.

Сепак, Реал со Јуп Хејкенс како тренер во 1998 година ја освои ЛШ.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ