Експлозија во метро-станица во Лондон

Од:

Неколку лица се здобија со изгореници на лицето, при експлозија на содржина во корпа за отпадоци крај воз во лондонското Метро.

Според „Мирор“, по експлозијата, од кантата почнал да излегува непознат гас.

Би-Би-Си наведе дека полицијата соопштила оти е запозната со инцидентот на станицата „Парсонс Грин“ во западниот дел на Лондон, по што на местото на настанот се испратени голем број полицајци, како и противпожарни и амбулантни возила.

Сепак, лондонската полиција соопшти дека официјално ќе се огласат за инцидентот, кој се случи околу 8 часот, по локално време, откако ќе бидат сигурни во прецизноста на информациите.

Очевидци изјавија дека по експлозијата настанала голема паника меѓу патниците и оти неколку лица се здобиле со полесни повреди при турканицата.

Операторот на лондонското метро соопшти дека возовите на целата линија се сопрени.

Би можело да ве интересира

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче