Експлозии во четири пакистански училишта, нема повредени

Од:

Група напаѓачи, за кои постои сомневање дека се талибанци, денеска предизвика експлозии во четири училишта за момчиња во племенската област во северозападниот дел на Пакистан, на границата со Авганистан.

Полицијата соопшти дека во инцидентите во областа Мохманд никој не е повреден.

– Бунтовниците од ТТМ (Tehreek-e-Taliban-Mohmand), талибанско движење од областа Мохманд предизвикаа експлозии во четири училишта околу три часот по локално време. Четирите училишта се целосно уништени, изјави неименуван претставник на разузнавачката служба.

Бунтовниците кои се против секуларното образовани во последните неколку години имаат нападнато повеќе стотина училишта во северозападниот дел на Пакистан, пред се институциите за девојчиња.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран