Експертскиот тим на СЗО пристигна во Вухан

Од:

Експертскиот тим на Светска здравствена организација денеска пристигна во кинескиот град Вухан, каде кон крајот на 2019 година беше откриен новиот коронавирус, за да го истражи потеклото на пандемијата.

Експертскиот тим во Вухан ќе биде околу еден месец, вклучително и двете недели карантин.

Петр Бен Ембарек, експертото на СЗО за животински болести кои преминуваат на други видови, го предводи тимот од десет независни експерти.

Виетнамскиот биолог Хунг Нгујен, кој е дел од тимот, истакна дека не очекува рестрикции на работата на групата во Кина.

Експертскиот тим на СЗО, по двонеделниот карантин ќе ги испитуваат вработените во истражувачките институти,, болниците и пазарите за морска храна во Вухан, каде се претпоставува дека се појави ковид-19.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО