ЕК со одговор до Полска: Нашите комесари се избрани од Европарламентот

Од:

Европската комисија денеска одговори на изјавата на полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашиковски, кој го обвини потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, дека „води крстоносна војна против Владата на Полска“.

Вашковски при тоа ја нарече Европската комисија „избрано тело на бирократи кои немаат демократски легитимитет, бидјеќи не се избрани, туку именувани од владите“ на земјите членки.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас денеска му порача на шефот на полската дипломатија дека Комисијата „жали што министер од Влада на една земја на ЕУ не ја разбира улогата на Европската комисија, нејзината структура и надлежности“.

– Еврокомисијата е тело и сите одлуки се носат од страна на Колеџот на комесари. Сите членови на Колеџот инвестираат, како инвидивуално, така и колективно преку избор на Европскиот парламент, каде пак има директно избрани членови. Со Комисијата претседава претседател кој беше прв кандидат на европските избори во 2014 година. ЕК е чувар на договорите на Унијата, во интерес на нзјините земји членки, како и на владеењето на правото во ЕУ. Ние би ценеле ако официјалните лица од владите на земјите членки ги имаат предвид овие факти кога ќе не коментираат, истакна Схинас.

Тој додаде и дека „Еврокомисијата не разликува бои за некои случувања во Полска“ во однос на последните случувања во оваа држава, која заедно со Унгарија е на удар на Брисел поради некои одлуки што не кореспондираат со обврските на земји членки на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата