ЕК: Процесот на проширување на ЕУ со Украина треба да се одлучи на највисоко ниво

Од:

Европската комисија денеска порача дека аспирациите за членство во ЕУ на Украина се легитимни, и дека сега е на лидерите да се справат со ова прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако Европскиот парламент го поддржа официјалното барање на Украина да добие статус на земја на кандидат за членство во ЕУ, Европската комисија денеска одговори дека предуслов за ова е прво дискусија на највисоко ниво помеѓу шефовите на држави и влади на ЕУ.

-Не сме во позиција да одговориме освен дека е јасно дека дискусиите треба да се одвиваат на највисоко ниво, ќе видиме кои ќе бидат следните чекори. Денеска нема ништо различно во нашиот пристап освен што претседателката повтори дека Украина е европска земја и дека нејзините аспирации за членство се разбирливи и легитимни, рече портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер.

Откако лидерите ќе дебатираат и донесат одлука на оваа тема, Европската комисија ќе биде задолжена да изготви мислење и стратегија, но во овој момент нема никаква одлука за процесот на проширување кон Украина, Молдавија и Грузија, кои исто така изразија желба да станат членки на ЕУ.

Неколку земји, како Полска, побараа Украина да се стави на брза трака кон проширувањето, што го отвора прашањето на земјите од Западен Балкан кои со години го одат евроинтеграцискиот пат, со бројни билатерални блокади.

Од Европската комисија денеска ја повторија нивната заложба кон европската иднина на западнобалканските земји.

-Претседателката Фон дер Лајен и целата Европска комисија се силно посветени на процесот на преговори за Западниот Балкан, претседателката дури отпатува во земјите од регионот во септември токму за да ја изрази својата поддршка за напредок и се надева дека преговорите ќе се отворат и ќе се изнајдат решенија за проблемите, изјави Мамер.

Европската извршна власт исто така нагласи дека ситуацијата со Украина е вонредна со оглед на руската инвазија и во овој контекст најважно е сега лидерите на ЕУ да разговараат за апликацијата на Украина во ЕУ.

-Ова се земји кои ја изразуваат нивната желба да се приклучат кон ЕУ, што го покажува успехот на ЕУ како мировен проект на просперитет, изјави портпаролот на Европската Комисија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина