ЕК почнува постапка против Полска поради законите за судски реформи

Од:

Европската комисија соопшти дека почнува постапка против Полска за прекршување на правото на Европската унија, поради двата контроверзни закони за реформи на судскиот систем.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата веднаш ќе испрати писмо за формално известување во Полска, откако ќе биде објавен Законот за организација на обичните судови.

Во исто време, Комисијата ја потсетува Владата на Полска за својата понуда да продолжи конструктивниот дијалог.

– Комисијата е решена да го брани владеењето на правото во сите наши земји членки како основен принцип на кој се гради нашата Европска Унија. Независното судство е суштински предуслов за членство во нашата Унија. Затоа не може да се прифати систем кој дозволува отфрлање на судиите по желба. Независни судови се основа на меѓусебна доверба меѓу нашите земји членки и нашите судски системи. Ако полската Влада продолжи со поткопување на независноста на судството и владеењето на правото во Полска, ние нема да имаме друг избор освен да го активираме член 7 од Договорот на Унијата, истакна претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер.

Првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс, пак, рече дека препораките до полските власти од страна на Брисел се многу јасни и порача дека е време да се врати независноста на Уставниот суд и да се повлечат законите за реформа на судството или тие да се усогласат со полскиот Устав и со европските стандарди за независност на судството.

– Полските судови, како и судовите на сите земји членки се повикуваат да обезбедат ефикасен правен лек во случај на прекршување на правото на ЕУ, во кој случај тие дејствуваат како „судии на Унијата“ и мора да ги почитуваат барањата за независност на судството во согласност со Договорот и Повелбата за фундаменталните права. Ние сакаме овие прашања да ги решиме заедно на конструктивен начин. Раката за дијалог на Комисијата останува подадена до полските власти и ние ги поздравуваме сите чекори за измена на овие закони во согласност со нашите препораки, посочи Тимерманс.

Еврокомисија исто така денеска директно и се закани на Полска дека доколку со планираните реформи во судството отпушти или пензионира некој од судиите во Врховениот суд, на земјата ќе и го одземе правото на глас во Советот на Европската унија.

Во соопштението Еврокомисијата најави дека ќе дејствува за заштита на владеењето на правото во Полска, потврдувајќи ја својата сериозна загриженост за планираната реформа на судството во Полска.

Во проценката на Еврокомисијата се оценува дека оваа реформа ја зголемува системската закана за владеењето на правото во Полска, која веќе е идентификувана во постапката за владеење на правото што ја започна Комисијата во јануари 2016 година.

Еврокомисијата бара од полските власти да ги решат овие проблеми во рок од еден месец, а во исто време ги повика да не преземаат никакви мерки за отпуштање или за пензионирање на судиите од Врховниот суд.

Доколку се преземе таква мерка, Комисијата е подготвена веднаш да ја активира постапката од член 7 став 1, а тоа формално предупредување од страна на ЕУ може да го издадат четири петтини од земјите членки на Унијата.

Демократските и либерални сили во Полска тврдат дека Владата на конзервативната популиситичка партија Право и правда (ПиС) со двата закона, ја уништува досегашната независност на судовите, ставајќи го Врховниот суд под контрола на власта и на владејачката партија.

ЕУ двапати се закани со санкционирање на Полска доколку антиевропските закони стапат во сила, а САД побараа од Владата во Варшава да се воздржи од примената на контроверзните реформи.

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша само еден од трите закони за реформи во судскиот систем што ги усвои Сејмот.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне