Европската комисија одеднаш одбива да се изјасни дали Шкотска ќе остане дел од Европската унија, доколку на референдумот на 18-ти септември, шкотскиот народ се изјасни за отцепување од Обединетото Кралство, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Ако до пред неколку месеци, претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо, јасно истакнуваше дека во случај да се издвојат од Велика Британија, Шкотите би требало повторно да аплицираат за членство и да минат низ кандидатскиот статус, неговата портпаролка Пиа Аренкилде-Хансен, денеска посочи дека Унијата не сака да дава свој коментар и да влијае на демократскиот процес што ќе се случи за десет дена.
– Комисијата не би сакала да се изјаснува за ова прашање во однос на демократскиот процес што ќе се одвива во една од нашите земји-членки. Причината е што референдумот ќе се одржи за десет дена и не би било добро ЕУ да се вмеша во целата рбаота со своја оценка – истакна портпаролката на Барозо.
Со оглед на тоа што последната анкета покажа дкеа 51 процент од шкотскиот народ ќе гласа за отцеување, тоа може да повлече многу консеквенци во однос на статусот на Шкотска во Унијата.
Во тој поглед е и изборот на нов еврокомесар од Британија (во моментов е предложен Џонатан Хил), бидејќи во случај на осамостојување на Шкотите, а и нивен автоматски прием во Европската унија, тогаш оваа змеја би требало да даде свој предлог за комесар, кој би бил 29-ти во новиот Колег на комесари на Жан-Клод Јункер.
– Ниту јас не би сакала да прогнозирам ништо во однос на ова – ќе рече гласноговорничката на Јункер, Наташа Берто.
Според Договорите на ЕУ, државите кои би произлегле со рецесија ан една од земјите-членки на Унијата, автоматски не стекнуваат статус на ЕУ-земја, туку истите мора повторно да аплицираат и како Република Македонија и останатите кои се сега кандидати и потнецијални кандидати за членство, потоа мораат д аминуваат низ кандидатска процедура и пристапни преговори.
Сепак, и покрај ова, официјален Брисел сега воопшто не коментира што би се случило во случај Шкотска да се отцепи од Обединетото Кралство, што ги подгрева шпекулациите дека е можно Шкотите и да останат дел од големото европско друштво и по раздружувањето со Велика Британија.