ЕК: Ковид сертификатите ќе ја опишуваат медицинската состојба на лицето

Од:

Ден пред долгоочекуваниот предлог на Европската комисија за сертификатите со кои ќе треба да се олесни движењето во ЕУ, од оваа институцијата прецизираат дека целта на овој документ е да се опише медицинската состојба на лицето.

Од Европската комисија уште еднаш потсетуваат дека овој документ не е “пасош“, ниту патна исправа, туку сертификат.

-Документот ќе ја опишува медицинската состојба на лицата што го имаат. Има три димензии на здравствената ситуација: дали лицето е вакцинирано, дали лицето направило ПЦР тест или дали има имунитет по заздравување од инфекција со Ковид, рече портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер.

Тој одби да открие повеќе детали од предлогот кој утре официјално ќе биде презентиран во Брисел од страна на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мамер додаде сепак дека Комисијата е свесна дека многу прашања остануваат отворени кои ќе треба да се проценуваат со тек на време, меѓу другото во однос на имунитетот и дали вакцинирано лице може да го пренесе вирусот.

-Сертификатите имаат за цел да ја презентираат фактичката состојба за земјите членки да можат да спроведат политики поврзани за слободното движење, додаде портпаролот.

Многу прашања остануваа неизвесни во овој момент, како на пример кои вакцини ќе бидат прифатени за влез во ЕУ. Според досегашните најави од Европската Комисија, не би требало да бидат прифатени вакцинации со руската или кинеската вакцини сѐ додека регулаторните тела во ЕУ не ги одобрат овие вакцини, и покрај тоа што некои земји членки веќе ги користат.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски