ЕИБ: Морален императив е вакцините да бидат достапни за сите

Од:

Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска договори финансирање во износ од 400 милиони евра за поддршка на иницијативата Ковакс, чија цел е да обезбеди вакцини против Ковид-19 за земјите со низок и среден приход.

Во соопштението на ЕИБ се наведува дека „Тим Европа“ придонесува со 500 милиони евра во борбата против глобалната пандемија преку заем од Европската инвестициска банка во износ од 400 милиони евра и грант од 100 милиони евра одобрен од Европската комисија.

– Заедно со земјите-членки на ЕУ, Тим Европа досега одвои повеќе од 850 милиони евра за иницијативата Ковакс, со што ЕУ стана најголем донатор. Заедничката поддршка од Европската комисија и ЕИБ од 500 милиони евра ќе му овозможат на Ковакс да направи една милијарда дози вакцини за луѓето во земјите со ниски и средни приходи, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Дипломати во Брисел сметаат дека ова финансирање е од витално значење за фер дистрибуција на безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19 и ставање крај на пандемијата, а во ЕИБ дека е „морален императив“ ниту една земја да не биде исклучена од пристапот до идната вакцина.

Се додава дека Ковакс е формиран со цел да се резервира и забрза испораката на вакцини за 92 земји, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски