Египет е вистински партнер, помогна да прекине судирот во Газа, вели Блинкен

Од:

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска Египет го опиша како „вистински и ефикасен партнер“ кој помогна да се стави крај на војната во Појасот Газа и помага да се изгради нешто позитивно.

Блинкен ова го кажа во Каиро, по речиси двочасовната средба со египетскиот претседател, Абдел Фатах ел Сиси. Државниот секретар се наоѓа во Каиро, како дел од турнејата по Блискиот исток за консолидирање на примирјето по војната меѓу Израел и палестинските екстремистички организации во Газа.

Претседастелот Ел Сиси минатата недела на оваа тема разговараше и со американскиот претседател Џо Бајден, непосредно пред прогласувањето на примирјето, по 11-дневните жестоки меѓусебни гранатирања меѓу израелската авијација и исламистите од Хамас.

-Мислам дека двајцата веруваме дека Палестинците и Израелците заслужуваат да живеат безбедно и да уживаат еднакви мерки на слобода, можност и достоинство, рече првиот американски дипломат пред да замине за Јордан.

Тој претходно беше во Израел, каде што објави дека САД ќе ги предводат напорите за обезбедување меѓународна поддршка за обнова на Појасот Газа, девастиран од борбите, но вети дека нема да дозволи помошта да падне во рацете на Хамас, кој не го признава правото на постоење на еврејската држава.

Блинкен место тоа, се обиде да го поддржи ривалот на Хамас, меѓународно признатата Палестинска управа, на претседателот Махмуд Абас, лидерот на поумерената Фатах.

Египет и Јордан се клучните сојузници на САД и двете земји склучија мировни договори со Израел и често пати биле медијатори меѓу оваа земја и Палестинците.

Каиро одржува врски со Хамас, но исто така го држи под блокада Појасот Газа заедно со Израел, со цел да се спречи вооружувањето на оваа исламистичка екстремистичка организација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски