Една од три жени во југоисточна Азија се жртви на насилство

Од:

Директорката на огранокот на Светската здравствена организација (СЗО) за југоисточна Азија, Пунам Кетерпал Синг, денеска побара властите на државите во регионот во кој живеат над 650 милиони жители и од кои 61 отсто се жени, да преземат пообемни законски и конкретни мерки за заштита на достоинството на девојките и жените.

Синг соопшти дека СЗО регистрирала податоци, според кои, во последниве години една од три припаднички на понежниот пол во оовј регион биле жртви на насилство, најчесто во семејствата.

Податоците што ги изнесе Синг се во голема мерка шокантни, особено за познавачите на односите во семејствата на луѓето кои живееат во тоа подрачје. Регионот на југоисточна Азија е познат по високи морални семејни вредности, а во најголем број случаи жените се столб на семејството. Дури и во семејствата во кои мажот има до четири жени, барем порано, немало потценување на ниту една сопруга.

Меѓу најбројниот народ во регионот, Малајците, мајката има значење на возвишеност. Дури и главните градови во малајскиот јазик не се нарекуваат „главни“ , туку „кота“, што значи мајка-град.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска