Единствената централа во Газа престана да работи бидејќи нема гориво

Од:

Единствената електрична централа во Газа од денеска не работи бидејќи нема гориво, изјави директорот на електродистрибуција Самир Метир.

– Залихите гориво купени со пари од Катар и Турција се целосно исцрпени, изјави тој. Следното купување е предмет на „спор меѓу управата за енергетика во Газа и управата за нафта во Рамала за данокот на индустриско гориво воведен од централната влада во Рамала“.

Хамас со сила презеде власт во газа пред 10 години и во спор е со палестинскиите власти со седиште во Рамала на Западниот брег. Централата е делумно оштетена од војните во Израел, а жителите на Газа обично имаат само две фази струја осум часа дневно.

– Со запирањето на работата, ќе имаат двапати по шест часа дневно, а можеби и помалку, изјави Метир и објасни дека тоа би била струја купена од Израел и Египет. Министерството за здравство во Газа предупреди на опасни последици за болниците поради затворањето на централата.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Бени Ганц, член на воениот кабинет на Нетанјаху, најави оставка

A1on