Единаесет починати од новиот вид птичји грип во Кина

Од:

Властите на Шангај потврдија синоќа дека уште едно лице починало од заразата со новиот вид птичји грип H7N9, со што бројот на починати од болеста во Кина се зголеми на 11 лица.

Починал маж (48) кој работел на превоз на живина во источната покраина Џиангсу.

Три од четири смртни случаи се регистрирани во финансиската престолнина на Кина, каде се пријавени првите два смртни случаи на болеста која претходно не беше воочена кај човекот. Во средата во соседната покраина Жеџијанг е забележан еден смртен случај.

Здравствените власти на Шангај прецизираа дека ниту еден од осумте лица со кој последниот починат бил во близок контакт немаат симптоми на болеста.

Властите во Шангај наредија затворање на сите пазари за живина во градот откако уништија повеќе од 20.500 птици за да спречат ширење на вирусот на птичји грип H7N9.

Шангај има 23 милиони жители, и според претставник на градските власти пазарите со живина привремено ќе бидат затворени заради „безбедност на жителите“. Тој додаде дека е забранета и секаква трговија со живина.

Вирусот на птичји грип од типот H7N9 засега не се пренесува од човек на човек, за разлика од вирусот H5N1. Неколку од заболените биле во допир со живина.

Генетската анализа на новиот смртоносен вид птичји грип, претходно непознат меѓу луѓето, укажува дека вирусот H7N9 веќе поминал низ неколку мутации кои би можеле да направат да биде предизвикувач на пандемија меѓу луѓето, порачуваат експертите.

Еден од најголемите водечки светски експерти за грип, Аб Остерхаус, од холандскиот Медицински центар Еразмус, истакнува дека некои мутации укажуваат дека властите во земјите во светот мора да бидат претпазливи и да го засилат надѕорот над заболувањата на животните и на луѓето.

– Овој вирус веќе до извесна мерка се адаптираше на цицачите и на луѓето и од таа гледна точка е загрижувачки. Навистина мора будно да го следиме, истакнува Остерхаус.

Светската здравствена организација (СЗО) истакнува дека вирусот H7N9 првпат се појавил меѓу луѓето, но ја отфрли можноста од опасност од пандемија бидејќи болеста не се пренесува од човек на човек.

Грипот H1N1 или свинскиот хрип се прошири во пандемија во 2009 и 2010 и од него починаа над десетина заболени во Мексико.

Тој подоцна се покажа помалку смртоносен на ниво на светски рамки од бројни сезонски видови грип.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он