Единаесет африкански држави потпишаа мировен план за Конго

Од:

Единаесет африкански држави вчера го потпишаа мировниот план на Обединетите нации за стабилизација на Конго, каде што бунтовниците се обидоа да ја соборат владата во 2012 година, наводно, со поддршка од соседите.

На вчерашното потпишување во Етиопија, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун рече дека нацрт планот за мир, безбедност и соработка во Конго ќе донесе стабилност во регионот.

Според ОН, за насилството во Конго се одговорни локалните и странски вооружени групи кои го користат силувањето како средство. Бројот на бегалци достигна два милиона.

Соседните земји заедно ветија дека нема да се мешаат во внатрешните работи на Конго и дека нема да поддржат ниедна вооружена група.

Во извештајот на ОН од 2012 година, се вели дека Руанда и Уганда им помагале на бунтовниците на групата M23 во Конго, што обете земји го демантираа.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска