Компанијата Џонсон и Џонсон на крајот на минатата година, незабележливо ја затвори својата единствена фабрика која произведува нова серија вакцини против Ковид-19, јави „Њујорк Тајмс“.
Се работи за привремен прекин на работата, а фабриката во Лајден се очекува да продолжи со производство на вакцината по неколку месеци. Њујорк Тајмс информира дека објектот во Лајден наместо тоа сега произведува експериментална, но потенцијално поекономична вакцина за заштита од друг вирус.
Компанијата Џонсон и Џонсон минатиот месец соопшти дека очекува 3,5 милијарди долари од продажба на својата вакцина против Ковид-19 во 2022 година, што претставува зголемување од 46 отсто. Минатата година продаде вакцини во вредност од 2,39 милијарди долари.
Со оглед на тоа што фабриката во Лајден е затворена, може да дојде до намалување на понудата на вакцини J&J. За производство на вакцината биле ангажирани и други погони, но тие или сè уште не се во функција или немаат добиено одобрение од регулаторот.
Извор: МИА