Дводневна средба на врвот на БРИКС во Бразил

Од:

Во бразилскиот град Форталеза денеска започнува дводневна средба на шефовите на држави или влади на челнките од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).

Тоа е шеста средба на врвот на државите од организацијата, кои заземаат 26 проценти од површината на Земјата и претставуваат речиси половина од светското население.

Во фокусот на средбата е создавањето Банка за развој и Фондот со вкупни монетарни резерви како паралелни структури на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Бразилскиот претседател Дилма Русеф е домаќин на форумот, на кој присуствува рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг, претседателот на Јужна Африка Џејкоб Зума и премиерот на Индија Нарендра Моди.

Лидерите на БРИКС утре ќе се сретнат со шефовите на држави или влади од Јужна Америка во главниот град на Бразил.

Земјите од БРИКС работат на стратегија за економска соработка и планираат да ја зајакнат соработката и конкурентната способност на светскиот пазар, изјави претходно Путин во интервју за ИТАР ТАСС

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил