Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Од:

Српската одбојкарка Александра Узелац преживеа вистинска драма во Бразил. Таа моментално игра за Флуминенсе, во Рио де Жанеиро, а во интервју за „Моцарт Спорт“ раскажа како двапати ѝ висел животот на конец.

„Се враќав од вечера со другарка, возевме велосипед по патеката што е наменета за тоа, до неа е тротоарот за пешаци, па делот каде што се засадени дрвјата – наоколу има корени и камења, а потоа патот по кој одат колите – кој е понизок, не е на исто рамниште. Во суштина, невозможно е да се излезе од патеката со велосипед на патот… Јас одев прва, таа беше зад мене. Како се залетав – двајца налетаа на мене. Ги кренаа кошулите и извадија ножеви. Буквално беа мачети – навистина огромни ножеви. Не знам ни како им ги собираше под кошулите. Почнав да врескам и не знаев што да правам Свртев кон патот… Можам да кажам дека Господ ме спаси затоа што не паднав од велосипедот и се спуштив на патот каде што има автомобили и мотори“, рече таа, а потоа продолжи:

„Можеше да ме удри автомобил или што било друго. Мојата пријателка не успеа да помине, падна. Јас возев преку тие корења како никогаш во животот… Еден од нив тргна по мене, а другиот отиде накај неа. Застанав, го фрлив велосипедот, ја чекав неа и ја запрев колата. Не можев ништо друго… Нашето такси застана, некако скокнавме и отидовме заедно во полиција. Тие не направија ништо таму, само не одведоа дома подоцна. Сето ова се случи многу блиску до полициска станица. Бев многу трауматизирана, беше навистина морничаво и не можам да ја симнам таа слика од мојата глава – кога ќе не нападнат со ножеви – никој не дојде да ни помогне затоа што луѓето не знаат што може да им се случи во умот на тие напаѓачи и на што се подготвени“, рече Узелац.

Само десет дена подоцна го преживеала нов пекол.

“Се враќав од клубот во станот, бев со пријателка на вечера. Пред тоа ги гледавме фудбалерите на Флуминенсе, се беше супер. Запревме такси, влеговме во кола… Му пишав порака на мојот дечко Данило дека се е добро и дека ќе стигнам дома за 30 секунди, бидејќи живеам на 100 метри од клубот. Гледав во телефонот, а пријателката ме фати за рака и почна да вика: „Узи, Узи, Узи…“ Гледам , кога стојат пред нас две коли, позади исто така, со два мотора. Излегуваат мажи со фантомки и пиштоли. Двајца застанаа пред автомобилот, а другите тропаа на секоја врата со пиштол. Тие на португалски јазик викаа да им дадеме се што имаме. Ја отворија вратата и ни ставија пиштоли на глава“, ја започна втората грозоморна исповед Александра, и откри што се случило потоа:

„Вискавме, околу главите ни беа четири пиштоли, меѓу кои и со пригушувачи. Не претресоа, а еден од нив сакаше да седне во автомобилот, но некако успеавме да скокнеме и да трчаме. Ништо немавме на ум , само да стигнеме до клубот, бидејќи знаевме дека ќе бидеме безбедни таму. Се се случи на мојата улица… Кога стигнавме и се спасивме, ни дадоа вода. Бевме во шок, почнавме да плачеме. Ние во Србија, такво нешто гладавме само на филм. Само кога навистина ќе ти се случи такво нешто, гледаш колку е страшно“, објасни таа.

На крајот рекла дека и сега чувствува напади на паника кога се сеќава на се, но дека е среќна што се добро се завршило.

После се, веќе не е сигурна дали ќе остане во Бразил, бидејќи трауматичното искуство се одразило и на нејзините игри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ