Две жртви во будистичко-муслиманските судири во Мјанмар

Од:

Медиумите во Мјанмар објавија дека во последните дводневни судири меѓу будистите и муслиманите во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, загинале најмалку двајца од учесниците, а шестмина, меѓу кои и еден полицаец се ранети.

Судирите избиле откако во понеделникот во градот се рашири вест за силување на жена будистка во продавница сопственост на муслиман.

Полицијата, која за да ги спречи судирите употребила оружје со гумени куршуми, не ги потврдува извештаите, но во градот се испратени дополнителни полициски сили, бидејки се стравува дека судирите ќе ескалираат.

Отворените судири меѓу будистите и муслиманите започнаа во 2012 година, кога во Мандалај, во јуни, загинаа над 200 лица.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар