Дванаесет лица загинаа во судири во Мјанмар

Од:

Дванаесет лица загинаа во судири меѓу војници од армијата на Мјанмар и вооружени мажи во Ракхајн, јавуваат локални медиуми.

Стотици возрасни мажи ги нападнале војниците во селото Пјаунгпит, при што загинале четворица војници и еден напаѓач. Потоа војниците откриле уште седум тела.

Војниците според некои извори биле нападнати од муслимански бунтовници.

Армиските едници биле испратени во Ракхајн за да трагаат по луѓето, кои се одговорни за убиството на граничен полицаец, извршено во неделата. Тоа е регион на границата со Бангладеш, кеде живеат претежно муслимани, кои припаѓаат на етничката група Рохинги.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар