Двајца новинари од рускиот воен телевизиски канал „Ѕвезда“ биле приведени на аеродромот во естонскиот главен град Талин.
Руските новинари пристигнале во Естонија да направат репортажа за годишната средба на ветераните од 20. Естонска Ес-Ес дивизија на врвот Синимае.
Тие биле приведени без никакво објаснување од цариниците и сите материјали им биле одземени. Не им било ниту дозволено да стапат во контакт со својата редакција.