Воени експерти од 23 држави од регионот Азија – Пацифик денеска во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, го започнаа тридневниот собир на кој ќе се утврдуваат мерки за подобро организирање на мировните мисии во кризните жаришта во светот.
Меѓу учесниците се претставници на армиите на Австралија, Кина, Малезија, Индонезија и Јужна Кореја, а ќе се анализираат искуствата од мировните операции на Блискиот исток, Источен Тимор, Косово и Ирак.
Најавено е дека државите учеснички ќе договорат пакет мерки кои ќе се применуваат во обуката за идните меѓународни мировни операции.
Армиите од земјите учеснички во следниве две години ќе се подготвувсст за нови мировни операции според така наречениот Директориум во кој се опфатени и воени акции при евентуална употреба на сила, како и за поефикасно и побезбедно патролирање во кризните подрачја.