Дрес кодот станува верско-политички проблем во Малезија

Од:

Зачестените случаи на забрана на влез во државни институции, дури и болници, на лица, пред се од женскиот пол, затоа што според службениците не се соодветно облечени, деновиве ја вжешти меѓурелигиската, но и политичката атмосфера во Малезија.

За да се прелее чашата и проблемот да стане прашање на национално ниво се „погрижи“ заменик-министерот за образование, кој во саботата побара од студентите и учениците кои не ги спроведуваат Рамазанските пости, да не конзумираат храна и пијалоци во близина на колегите муслимани.

Таквата препорака предизвика бура реакции од страна на припадниите на кинеската и хинду етничката заедница, чии претставници кои се на високи политички позиции порачаа дека државните објекти, училиштата и болниците, дури ни улиците, не се места на кои се извршуваат молитви и дека е апсурдно од немуслиманите да се бара да се вклопат во правилата на други верски заедници.

На критиките остро се нафрли врховниот муфтија од малезиската сојузна држава Перак, кој за порталот „Малаја меил онлајн“ вчера изјави дека немуслиманите не треба да покажуваат делови од своето тело пред муслиманите, бидејки тоа било „харам“ – забрането.

Поранешниот министер за транспорт на Малезија, Рамон Навартаман, кој сега е раководител на Институтот за лидерство и азиска стратегија во Куала Лумпур, денеска предупреди дека зад проповедниците на конзервативниот ислам стојат конзервативни кругови во политиката кои јавноста на последните три избори не им дава доверба.

Малезија, вели тој, одамна не е држава во која се заговараше тотална доминација на припадниците на исламската религија и на етничките Малајци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски