Драма во Москва: Дрон падна на територијата на градскиот суд

Од:

На теренот на градскиот суд во Москва денеска падна дрон, објави рускиот весник „Известија“.

На дронот не биле прикачени туѓи предмети, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван извор.

Деталите за инцидентот не се јасни, објави Ројтерс.

Вчера во московскиот регион, недалеку од местото каде што се урнал наводниот камиказе беспилотно летало биле пронајдени три дронови, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извор од безбедносните сили.

Истиот извор наведува дека сите три летала се помали квадрокоптери без ознаки. Руските власти ги анализираат беспилотните летала за да дознаат повеќе за нивните оператори и потекло.

Во понеделникот беспилотно летало камиказа се урна во областа Богородски, на околу триесетина километри од предградијата на Москва. Одредени медиуми идентификуваа дека дронот е од украински дизајн и носи околу 17 килограми експлозив „Це-4“.

Според медиумите, еден од трите дронови бил пронајден на околу четири километри од падот на дронот камиказа. Медиумите посочуваат дека уредот го пронашла жена која го поставила дронот на столб за полицијата полесно да го пронајде.

Би можело да ве интересира

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски