Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Од:

Киевскиот режим продолжи со нападите врз руските енергетски постројки, што укажува на неговата неспособност да се согласи со какви било обврски во врска со решавањето на конфликтот во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Во текот на изминатите 24 часа, и покрај изјавите на режимот во Киев дека не напаѓаат енергетски објекти, вооружените сили на Украина продолжија да ја напаѓаат енергетската инфраструктура на Руската Федерација“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата Интерфакс.

Се додава дека украинската војска извршила напади врз трафостаница и високонапонски далноводи во областа Брјанск, што предизвикало исклучување на високонапонскиот далновод од 10 киловати, што довело до прекин на електричната енергија

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон