Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

Од:

Јавното обвинителство на Милано отвори кривична постапка против непознати лица осомничени дека извршиле политичка и воена шпионажа, отежната со можна терористичка активност, откако беспилотно летало од руско производство го прелета Заедничкиот истражувачки центар.

Како што јави Скај њуз, станува збор за зона на забранети летови, а дронот бил пресретнат од систем за детекција на радиофреквенции. Немаше директни очевидци. Извори од истрагата открија дека снимените фреквенции се поврзани со уред од руско производство, но дека не станува збор за дронови дизајнирани за летови на долг дострел. Тоа значи дека беспилотните летала се контролираат на кратко растојание од местото на летот, максимум неколку десетици километри.

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) е трета по големина локација на Европската комисија по Брисел и Луксембург и еден од водечките европски кампуси со бројни лаборатории и единствена истражувачка инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри

Дрон удрил во возот во кој беа фудбалерите на „Локомотив Москва“

А1он

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски