Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Од:

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова денеска ја оцени како „очигледна навреда“ препораката на германското Министерство за надворешни работи дека претставниците на Русија и Белорусија не се поканети на настаните по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

„Триумф на волјата, оживување на нацизмот“, напиша Захарова на нејзиниот канал ма Телеграм.

Таа така одговори на наводите на германскиот весник „Берлинер цајтунг“, кој повикувајќи се на затворен документ на германското Министерство за надворешни работи, објави дека Германија забранила да се покануваат руски и белоруски претставници на свечени настани на федерално, регионално и локално ниво, додавајќи дека институциите имаат право да избираат гости по сопствена дискреција.

Оваа година руските дипломати не беа поканети на настаните по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, што Москва го оцени како „богохулство“ и дел од пошироката антируска кампања за фалсификување на историјата на Втората светска војна.

Според официјалните податоци, за време на Втората светска војна, Советскиот Сојуз загубил околу 27 милиони луѓе, и воен персонал и цивили, што, според Риа Новости, претставува една од „најтрагичните страници на светската историја и клучниот придонес на СССР во победата над нацистичка Германија“.

Би можело да ве интересира

АфД е пред историска победа, Мерц е под силен притисок пред клучните избори

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Москва, најмалку тројца мртви

ВИДЕО: Пожар во катедрала на Црвениот плоштад во Москва

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија

Мал авион се урна врз куќа во Германија – пилотот загина

А1он